Коза упаднала во владата во индиската држава Утар Прадеш, од каде украла важни документи. На видеото кое го снимија камерите се гледа козата како бега со документите во уста, додека еден маж ја брка. Таа почнала да бега откако вработените ја забележале надвор од зградата.
Животното на крајот било фатено, а работниците успеале да ги вратат документите, иако до пола биле уништени. Некои пак тврдат дека не биле официјални документи, па така штетата не била сериозна, пренесува „Индепендент“.
कानपुर भी गज़बे है भाई.. एक बकरी सरकारी कार्यालय से पेपर चबा के भाग रही है और कर्मचारी पीछा कर रहे है pic.twitter.com/ql6Yt0D3aE
— Rajeev Nigam (@apnarajeevnigam) December 1, 2021