Полицијата поднесе кривична пријава против 41-годишен велешанец со иницијали А.Д, поради сомнение за сторено кривично дело измама.
Како што информираат од МВР, на 10 септември годинава, пријавениот на неговата тетка телефонски ѝ кажал дека неговите родители имале сообраќајна несреќа, во која била повредена нејзината сестра и дека од болницата им побарале пари за нејзино лекување.
Таа му дала 450 евра, а откако се јавил и повторно побарал пари за лекување на неговите родители таа се посомневала и отишла во болницата во Тетово да ги провери наводите.
Откако ѝ било потврдено дека нема пациенти со такви лични податоци, случајот го пријавила во полиција.
Набргу потоа, измамникот бил пронајден и приведен, а во службен разговор со полициски службеници изјавил дека парите ги потрошил во казино.