СЗО: Омикрон варијантата е присутна во 38 земји

пред 3 години

Омикрон сојот на коронавирус досега е потврден во 38 земји во светот, изјави денеска Марија ван Керхове, експерт од Светската здравствена организација (СЗО).

„Имаме извештаи за омикрон во 38 земји во сите шест региони на СЗО“, рече таа, додавајќи дека податоците од Јужна Африка покажуваат дека бројот на случаи на омикрон во таа земја расте, пренесува „Тасс“.

Постојат претпоставки дека има зголемна стапка на пренос, а податоците сугерираат дека омикрон предизвикува заболување со симптоми кои може да осцилираат од благи до тешки, а потребно е време да се утврди дали овој вид е одговорен за зголемувањето на бројот на хоспитализации во Јужна Африка.

Таа исто така рече дека не е јасно дали тековните вакцини се ефикасни против новиот вид.

Share
Scroll to Top