Скопјанец фатен при тешка каражба на улица „Македонија“

пред 5 години

Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, во саботата (4 ноември) на улица „Македонија“ во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот Џ.Х. (24).

Како што информираат од МВР, тој бил затекнат при извршување на тешка кражба во зграда на правно лице.

Украдените предмети му биле одземени и вратени на фирмата, а 24-годишникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top