Новиот австриски канцелар и министрите положија заклетва

пред 3 години

Новиот канцелар Карл Нехамер и новите министри во австриската влада денеска положија заклетва пред претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен.

Поранешниот канцелар Александeр Шаленберг, кој во историските анали влегува како канцелар со најкраток мандат од само 52 дена, положи заклетва како нов министер за надворешни работи.

Така Шаленберг се враќа на чело на ресорот што го водеше пред оставката на Себастијан Курц.

Освен тоа, заклетва дадоа и новиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер, министерот за финансии Магнус Брунер и министерот за образование и наука Мартин Полашек.

Заклетва даде и најмладата членка на владата Клаудија Плаколм која преку функцијата државен секретар во кабинетот на канцеларот ќе се занимава со проблемите на младите.

Новите членови на австриската влада нема да имаат време да се запознаат со работата, туку ќе мора веднаш да почнат со своите задолженија.

Share
Scroll to Top