Комичарот Ник Канон откри дека неговиот петмесечен син починал од тумор на мозокот

Комичарот Ник Канон откри дека неговиот петмесечен син починал од тумор на мозокот

пред 3 години

Американскиот комичар и водител Ник Кенон откри дека неговиот петмесечен син Зен починал од редок тип тумор на мозокот.

Зен е седмо дете на Канон и неговата партнерка Алис Скот. Откако бебето се роди во јуни, Ник и Алис набрзо дознале дека боледува од хидроцефалус.

„Забележав дека многу кашла и сакав да проверам. Чудно дишеше, забележав дека на два месеца има поголема глава во однос на другите деца на таа возраст, но мислев дека се синуси, па го однесовме на лекар поради дишењето. Мислев дека тоа ќе биде рутинска проверка“, рекол Ник во едно скорешно интервју.

Лекарите им кажале дека на детето му се насобира течност во главата и дека се работи за малигнен тумор. Уште на првиот преглед им откриле дека нивниот син нема да живее долго.

Во објавата на „Инстаграм“ Ник рекол дека од тој момент се трудел да помине што повеќе време со својот болен син. Комичарот открил и дека последен пат го видел својот син минатиот викенд.

Share
Scroll to Top