Потребни состојки:
6-8 кисели краставички
Мала конзерва туна
Свежа зелка, околу 1 килограм
200г мајонез
200г павлака
Сол, бибер, магдонос
Начин на подготовка:
Краставичките изрендајте ги, а зелката исечкајте ја ситно. Измешајте заедно со туната, мајонезот и павлаката, па додајте ги сите зачини. Може да додадете и малку од течноста од теглата во која стоеле краставичките, за покисел вкус. Послужете ја салатата добро оладена.