Седум мировници на ОН загинаа во Мали

пред 3 години

Најмалку седум членови на мировната мисија на Обединетите нации загинаа денеска во терористички напад во центарот на Мали, а уште тројца се тешко повредени, соопшти мисијата на ОН на Твитер.

Логистички конвој бил нападнат со импровизирана експлозивна направа на патот меѓу Дуенс и Севара, област каде активните терористички групи се поврзани со Ал Каеда и Исламската држава, објави Ројтерс.

Засега никој не ја презеде одговорноста за терористичкиот напад.

Share
Scroll to Top