(Видео) Ковачки: Институциите молчат за скандалот со еден тон дрога на скопскиот аеродром

пред 3 години

Застрашувачки е молкот на институциите за скандалот со 1 тон дрога кој бил внесен во државата преку скопскиот аеродром пред еден месец. Молкот на МВР, Царина и Обвинителство доволно говори дека институциите се обидуваат овој скандал да го заташкаат и прикријат, а причината за тоа е дека има сериозен сомнеж за поврзаност на власта со него, истакна на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Институциите не демантираа дека во царина имало вонредни состаноци како да се заташка ваквиот скандал , ниту пак беше демантирано дека биле вршени притисоци врз вработените да молчат. Молкот говори дека ова е голема афера. Ова само покажува дека во Македонија нема правна држава, нема борба со организираниот криминал на власта, нема слободни правосудни органи и нема владеење на правото“, рече Ковачки.

Во Македонија, смета тој, има спрега на мафијата и на институциите. Затоа, според него, Македонија е на 111-то место во борбата против корупцијата во светот и сме последни во Европа.

„Во Македонија за само неколку месеци се случи скандал со доделување на официјални македонски пасоши на странски нарко мафијаши, се случи пробиената акција “Планина“ и се случи скандал со пратка на марихуана во близина на Прилеп во која беа фатени близок човек на семејството Заеви и началник на прилепската полиција. Ова само говори дека Македонија е претворена во земја во која нарко картелите се директно поврзани со моќници на власта и имаат слобода да прават што сакаат.Јавноста заслужува одговори и некој мора да понесе одговорност“, истакна Ковачки.

Share
Scroll to Top