(Видео) Стоилковски: Дали МВР ги изгасна семафорите во Скопје поради планот за рестрикции на струја?

пред 5 години

Дали МВР почна со редовно спроведување на планот за рестрикција на струја со гаснење на семафорите или правеше генерална подготовка за дејствување во криза, запраша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, откако во вторникот се создаде голем сообраќаен метеж по скопските улици.

„Во овој документ – планот за мерки, активности и функционирање на МВР и БЈБ во услови на кризна состојба заради недостаток на струја, децидно стои дека организациските единици на МВР/БЈБ треба да спроведуваат забрана, пренасочување и воспоставување на движење во урбани сообраќајници, регулирани со светлечки сообраќајни знац, односно ‘зависни од електрична енергија’“, нагласи Стоилковски.

Според партискиот портпарол, енергетската криза е поголема од она што власта се обидува да го прикаже.

„Изготвен е документ за делување во кризна состојба заради рестрикции и немање струја, а власта најавува таа состојба да трае уште половина година. Во овој план, се наведуваат состојби како – реални безбедносни предизвици со економски социјални појави со негативни последици, пораст на криминалот, сообраќајни деликти, нарушување на јавна безбедност заради недостаток на струја и зголемената цена“, истакна Стоилковски и додаде дека граѓаните не сакаат паушални, туку вусински решенија за што, како што рече, потребни се брзи избори.

Share
Scroll to Top