Неподвижна жена загина во пожар во Аеродром

пред 3 години

Шеесет и шестгодишна жена загина синоќа во пожар на стан што се случи во скопската населба Аеродром.

Според информациите од полицијата, пожарот избил во нова зграда на улицата Методија Шаторов – Шарло, а жената била неподвижна.

„Од страна на доктор во 21:30 часот констатирана е смрт. Пожарот е изгаснат од страна на БППЗ. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција“, информираат од  МВР.

Се истражуваат причините за избувнувањето на пожарот.

Share
Scroll to Top