Викиншкиот меч најден во Оркни, Шкотска е редок, возбудлив и комплексен артефакт, велат археолозите.
Мечот е пронајден во 2015 година на североисточниот брег на островот Папа Вестреј и во моментов внимателно се анализира. Археолозите сега го идентификуваа овој објект како тежок меч поврзан со 9-тиот век.
Реликвијата кородирала, но рендгенските снимки откриле дека е богато украсена. Контрастни метали биле користени за да се направи шарата на саќе, а археолозите кои го анализирале мечот тврдат дека имаат богата историја и крие многу приказни.
Археолозите Ендрју Морисон, Керолин Патерсон и д-р Стивен Харисон веруваат дека повеќе детали за мечот ќе бидат откриени во наредниот период.
„За да се зачува што е можно повеќе материјал, го подигнавме целиот меч и околната земја во блок за да бидат транспортирани во лабораторија и форензички обработени таму. Толку е кревок што сè уште не знаеме како изгледа неговата долна страна, така што нашето разбирање на мечот дефинитивно ќе се промени во наредните месеци Железото кородирало, но многу детали се видливи на рендгенските снимки“, велат археолозите.
Пронајдени се и докази за обичаите на погребување на Викинзите со користење чамци.
Археолозите веруваат дека гробниците припаѓаат на првата генерација норвешки доселеници на Оркни.
Извор: Klix.ba