Volkswagen планира шест гигафабрики во Европа

пред 3 години

Германскиот производител на автомобили Volkswagen објави дека склучил уште три стратешки партнерства за индустријализaција на технологија за батерии и нивно масовно производство

Новите партнери на VW се групата за технологија на материјали Umicore, специјализираната компанија за батерии 24M Technologies и компанијата за чиста технологија Vulcan Energy Resources.

Volkswagen соопшти и дека го спроведува својот технолошки план за внатрешен развој и производство на батериски ќелии, кој предвидува изградба на шест гигафабрики во Европа до 2030 година.

VW планира да основа заедничка компанија со Umicore која би ги снабдувала европските фабрики за ќелии со катодни материјали и би му помогнала на автомобилскиот гигант да воспостави европски синџир за снабдување со батерии.

Нејзиниот годишен производствен капацитет треба постепено да се зголемува од почетните 20 гигавати (GWh), наменети за гигафабриката на Volkswagen во Салцгитер, Германија. До, крајот на деценијата, би требало да достигне 160 GWh, што би одговарало на годишниот производствен капацитет за напојување на околу 2,2 милиони електрични возила.

Volkswagen ќе инвестира и во стартапот за батерии 24М со седиште во Кембриџ, подружница на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), за да развие најсовремена технологија за производство за своите фабрики за ќелии.

Новата подружница на VW ќе развива и подобрува технологија за апликации во автомобилската индустрија базирана на 24M технологија.

Volkswagen, исто така, потпишал договор и со Vulcan Energy Resources за снабдување со јаглеродно неутрален литиум од долината на Горна Рајна во Германија.

Извор: Додај Гас

Share
Scroll to Top