Постигна три гола за „Росонерите“, а се уште не знаат како се презива

Постигна три гола за „Росонерите“, а се уште не знаат како се презива

пред 3 години

Милан синоќа извлече бод на гостувањето кај Удинезе (1-1), но на „Росонерите“ им се случи гаф кој дефинитивно не смее да им се случува на клубови со толку високо реноме.

На полуврето во игра влезе Бразилецот, Жуниор Месиас кој го замени Раде Круниќ. Сепак, надлежните за печатење на дресовите во Милан направиле груба грешка кога станува збор за фудбалерот кој досега има осум настапи за клубот од „Сан Сиро“, а притоа постигна и 3 гола.

Наместо „Messias Jr.” на дресот на Бразилецот синоќа стоеше „Meessias Jr.” Што стана вирално на социјалните мрежи.
Месиас во Милан дојде од редовите на Калјари за 2,6 милиони евра со опција неговиот договор да биде откупен за 4 милиони евра.

Share
Scroll to Top