Осми сезонски пораз за тимот на Евертон по само 16 кола во Премиерлигата. Четата на Рафаел Бенитез попладнево го положи оружјето кај Кристал Палас, пораз од 3-1.
Играчот од средниот ред на Палас – Конор Галагер со два гола ги среди „карамелите“. Првиот во 41 минута за 1-0, а вториот во судиското надополнување за конечни 3-1.
Во меѓувреме Томкинс во 62 минута зголеми на 2-1, а почесниот погодок за Евертон беше дело на Рондон во 70 минута, тогаш за 2-1.
Евертон се 14 позиција со само 18 поени. Ова беше четврти пораз за тимот од Ливерпул во последните 5 меча, па позицијата на Бенитез како менаџер на екипата е сериозно разнишана.
Додека Палас е со +1 бод на две места пред нив.