Ништо од гасоводот ако Русија ја нападне Украина, предупреди Блинкен

пред 3 години

Малку е веројатно дека гасот ќе тече низ гасоводот Северен тек 2 доколку Русија ја обнови својата агресија врз Украина, изјави вчера американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„ Тој цевковод … не минува гас низ него во моментов. Всушност, тоа е средство за влијание врз Русија, бидејќи се зависи од тоа колку рускиот претседател Владимир Путин сака да го види протокот на гас низ тој гасовод – дали и кога ќе стане оперативен. Малку е веројатно дека тоа ќе се случи доколку Русија ја обнови својата агресија врз Украина“ рече Блинкен.

Групата од седумте најразвиени индустриски земји, Г7, претходно ја предупреди Русија на масовни последици доколку ја нападне Украина, како што е наведено во вчерашната нацрт-изјава, до која „Ројтерс“ имал пристап.

Американскиот претседател Џозеф Бајден, исто така, го предупреди Путин дека Русија ќе плати ужасна цена и ќе се соочи со катастрофални економски последици доколку ја нападне Украина, поради акумулацијата на руски војници во близина на источната украинска граница и зголемените тензии во регионот.

Share
Scroll to Top