Швајцарски пратеници предлагаат невакцинираните да се откажат од лекувањето на интензивна нега

пред 3 години

Швајцарската пратеничка Рут Хумбел повика на мерки за спречување на пренатрупаност во болниците и смета дека треба да се воведе задолжителна вакцинација за лицата постари од 65 години, како и дека луѓето кои не сакаат да се вакцинираат да се откажат од лекувањето на интензивна нега.

„ Мораме да ги спречиме заклучувањата. Како што стојат работите, мал дел од невакцинираните не принудуваат да ги лекуваме вакцинираните и излекуваните во оваа ситуација. Тие се соочуваат со огромни ограничувања на нивните слободи со цел да се спречи преоптоварување на здравјето предизвикано од невакцинираните“ изјави Хумбел за јавниот сервис на СРФ.

Пратеникот на ГЛП, Мартин Бојмле, го поддржа ова барање и ги доведува во прашање сегашните критериуми за тријажа.

„ Ги достигнуваме границите на системот поради луѓето кои ја одбиваат вакцината и одеднаш вакцинираните во системот на тријажа се ставаат на дното на листата“, рече тој.

Според него, младите невакцинирани поради поголеми шанси за преживување повеќе не треба да имаат предност.

Пратеничката од СВП, Верена Херцог, го поддржува воведувањето задолжителна вакцинација, но не само за оние над 65 години, туку и за медицинските работници. Според неа невакцинираните треба да чекаат во болница, а вакцинираните мора да имаат приоритет во моменти кога има пата-пата ситуација, односно кога се примаат пациенти на кои им е потребно лекување, треба да се испита и статусот на вакцинација.

Швајцарската академија за медицински науки го отфрла статусот на вакцинација како критериум за тријажа, додавајќи дека тоа е спротивно на човековите права.

Share
Scroll to Top