Стоилковски: Дали Ковачевски го претставува курсот на Харвард како факултетска диплома?

пред 3 години

Димитар Ковачевски е само пиун, продолжена рака на Зоран Заев кој што сега ќе го спроведува Заевизмот. Ова го истакна на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, откако вчера Ковачевски беше избран за прв човек на СДСМ.

Стоилковски праша, зошто Ковачевски и СДСМ се обидуваат да продаваат лажна биографија и да фризираат факти.

„Димитар Ковачевски мора да одговори дали курсот на Харвард го претставува како факултетска диплома? Да биде појасно, се работи за платен курс, скап неколку десетици илјади евра, со кој може да се стекне секој граѓанин со завршен факултет во земјава, само доколку има доволно пари за него за да може да плати и да го посетува. Ковачевски исто така треба да одговори како докторирал, како што наведува, во Црна Гора во 2008 година, Докторските студии се пропратени со низа истражувања и друг вид на присуство во земјата на каде што се докторира, а Ковачевски во наведениот период од 2005 до 2008 година е на раководна позиција во Македонски Телеком, оттука се поставува прашањето, дали тој одел на работа или посетувал докторски студии во Црна Гора? Да потсетам во исто време на докторирање како што пишува Ковачевски, македонски амбасадор во Црна Гора е неговиот татко, поставен од СДСМ“, рече Стоилковски.

Според опозициската партија, во случајов, не станува збор за нови лица во СДСМ.

„Тоа се истите стари кадри на СДСМ, деца на транзицијата, во чија кариера се провлекуваат многу дамки за кои треба и мора да одговорат“, порача Стоилковски.

Share
Scroll to Top