Голем пораст на цената на гасот во Европа

пред 3 години

Цената на гасот во Европа на отворањето на берзата во понеделникот се искачи над 1.300 долари за илјада кубни метри, првпат од почетокот на октомври, а потоа речиси веднаш надмина 1.350 долари, покажуваат податоците на лондонската берза.

Цената на јануарскиот договор во центарот ТТФ во Холандија се зголеми на 1.334 долари за илјада кубни метри, или 114,3 евра за мегават-час.

Целокупното поскапување на гасот во Европа во однос на затворањето во петокот изнесува речиси осум отсто.