Виталиј Кличко: Подготвен сум да се борам за татковината

пред 3 години

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ја повика меѓународната заедница за поддршка и воена помош за Украина поради, како што тврди, опасноста од руската инвазија.

– Се подготвуваме за целата земја за да може претседателот на Русија, Владимир Путин, да даде наредба за војна – напиша Кличко во авторскиот текст објавен во германскиот дневен весник „Билд“.

Поранешниот светски шампион во бокс изјави дека како војник еднаш се заколнал дека ќе ја брани државата и рекол дека е подготвен да се бори за својата татковина.

Тој напишал дека како градоначалник на украинската престолнина организира цивилна заштита и дека неговите градски власти веќе започнале со интензивирање на регрутирањето и обуката на резервистите за територијална одбрана.

– Ние сме европска земја на која и е потребна европска поддршка повеќе од кога било,заклучи тој.

Share
Scroll to Top