Пендаровски во официјална посета на Косово

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ќе престојува во официјална посета на Косово.

Во Приштина, претседателот Пендаровски со државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Османи-Садриу и пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Република Косово.

Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Парламентот на Косово, Глаук Коњуфца и со претседателот на косовската влада, Албин Курти.

Во рамки на посетата, Пендаровски во Пеќ ќе ја посети Регионалната команда на КФОР- Запад и припадниците на македонскиот контингент во составот на КФОР.

Share
Scroll to Top