Видот на коронавирус омикрон се очекува да стане доминантна варијанта во Европската унија до средината на јануари, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Таа додаде дека Унијата е подготвена да се бори со тој вид со 66 отсто од вакцинираното население.
Урсула фон дер Лајен изјави и дека е убедена дека ЕУ има сила и средства да ја надмине заразата и додаде дека е тажна бидејќи Божиќ повторно ќе биде под превезот на пандемијата.