Лукашенко: Ниту една војна не не заобиколи, а нема да не заобиколи ниту сега

пред 3 години

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека негова главна задача е да ги заштити Белорусија и нејзините граѓани од војна.

На средбата со активистите од регионот на Витебск, Лукашенко истакна дека ситуацијата во светот постојано се влошува, дека има конфронтација меѓу геополитичките играчи, додека пандемијата на коронавирус ја влошува целата ситуација.

Лукашенко ги повика властите да спречат повторување на настаните од 2020 година.

„Ниту една војна не не заобиколила во минатото, ниту сега. Не дај Боже. Затоа мојата задача е да ја спасам државата и народот од војната“, изјавил Лукашенко, пренесуваат руските агенции.

Тој додал дека треба да се посвети внимание на прашањата за територијалната одбрана.

„Не сакам нашиот народ уште еднаш да се најде, не дај Боже, во центарот на некаква војна. Знаете дека имаме територијална одбрана и територијални трупи“, нагласил Лукашенко.

Лукашенко изразил загриженост и за можноста од сајбер напади, наведувајќи дека доколку не се преземат неопходните мерки за заштита, тоа може да доведе до сериозни последици.

Share
Scroll to Top