Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ доби уште едно признание, отако Поштата во Србија ги промовираше новите поштенски марки со неговиот лик. Марката е дело на Бобан Савиќ а на неа е прикажан Ѓоковиќ на тенискиот терен и неговите спортски успеси: 350 недели на првото место на АТП листата, 7 пати број 1 на крајот на календарската година, освоени 20 гренд слем титули и 37 Мастерс турнири, 86 АТП турнири, единствен кој по најмалку 2 пати ги има освоени сите гренд слем турнири – Австралија опен (9), Ролан Гарос (2), Вимбелдон (6) и УС Опен (3), по Род Лејвер е единствениот со 4 гренд слем титули во низа, 5 пати освојувач на завршниот мастерс на АТП тур, бронзен медал на Олимписките игри во Пекинг, Дејвис купот, АТП купот и 4 пати најдобар спортист на светот.
„За Поштата на Србија е чест што можеме да го претставиме ова филателистичко здание посветено на нашиот најдобар спортист на сите времиња. Поштата како национална институција на овој начин сака да му оддаде признание и благодараност на Новак за неговите спортски успеси и за сè што има постигнато во неговата јавна и хуманитарна работа и добробитот кој го прави за граѓаните на нашата земја и нејзиниот углед во светот. Покрај тоа со заедничка работа, идеи и залагање, ќе настојуваме да допринесеме за подобар живот на нашите граѓани на сите полиња. Веруваме дека ова ќе биде единствената поштенска марка, со која нема само да ги забележиме, туку и ќе ги сочуваме неговите успеси за идните генерации, но и дека ќе придонесеме за да ги поттикнеме и младите да го дадат својот максимум во сите сфери на животот. Благодарност за Новак на честа која ни ја укажа со денешното присуство на свеченоста во ПТТ музејот и во името на вработените сакам да му посакам многу успех во кариерата. Верувам дека неговата фондација и Поштата од денес ќе работат заедно за доброто на сите граѓани“, рече Зоран Ѓорѓевиќ, в.д. на Поштата на Србија.
„Ѝ благодарам на Поштата на Србија на оваа иницијатива и драго ми е што можам да дадам свој придонес во ова. Нашата фондација секој ден добива голем број писма од деца и нивните наставници низ цела земја кои имаат потреба од помош и поддршка во раниот развој и образование. Ние сакаме да допринесеме во тоа и во наредните 10 години секое дете во Србија да има пристап до градинка и услови во кои ќе можат да ги остварат своите сонови. Заедно ќе се трудиме да дојдеме до резултатите, а драго ми е што во тоа ни се приклучуваат сè поголем број партнери, меѓу кои и Поштата на Србија“, рече Новак Ѓоковиќ.