Бугарскиот претседател, Румен Радев рече дека ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност за да разговара за односот на Бугарија кон Северна Македонија и да бара консензус со сите политички партии во бугарскиот парламент.
Радев додаде дека за ова прашање е разговарано и со новиот премиер Кирил Петков.
„Бугарија ќе ја отвори вратата на Севе3рна Македонија само со гаранции и заштита на нашиот национален интерес. Ако успееме да донесеме таква одлука, тоа ќе биде историски чин, но да не заборавиме дека овој процес – и навреме и како резултат на тоа, е целосно во рацете на земјата кандидат“, рече Радев, пренесе „БГНЕС“.