(Видео) СДСМ: Владата е стабилна, во интерес на граѓаните е да има редновни избори во 2024

пред 3 години

Имаме стабилно мнозинство токму со влегувањето на Алтернатива во коалицијата и следува избор на нова Влада со мандат до 2024 година, рече денеска организациониот секретар на СДСМ, Мартин Попов, како одговор на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за техничка влада во март и организирање на избори во јуни.

„Владата ќе биде посветена на справување со проблемите на граѓаните, ќе се посвети на справување со глобалната економска и здравствена криза, па оттука сметаме дека фактот што имаме стабилно мнозинство говори за тоа дека немаме потреба од никакви технички влади, ниту пак од предвремени избори“, нагласи Попов.