Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах, лично вакцинираше две деца против коронавирус, во рамки на посетата на центарот за вакцинација во зоолошката градина во Хановер.
„Голем број деца настрадаа за време на пандемијата. Треба да им обезбедиме вакцини“, рече Лаутербах.
Оваа недела во Германија започна вакцинацијата на деца на возраст од 5 до 11 години. Вакцинацијата беше одобрена од Европската Унија и Германскиот експертски совет за вакцинација.