СДСМ бара од Арсовска да ја преиспита одлуката за прекин на „Бас Рапид Транзит“

пред 3 години

Скандалозен е прекинот на проектот за ефикасен и еколошки транспорт, познат како Бас Рапид Транзит, кој се споведуваше со поддршка од ЕБОР, вреден 70 милиони евра, смета владеејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија.

Од партијата велат дека целосно невистинити и контрадикторни се оправдувањата кои ги даваат Арсовска и Град Скопје дека на тој начин ќе се загрозела животната средина.

„БРТ проектот е систем кој важи за еден од најеколошките начини на јавен превоз. Според проектот, освен што возилата возат на еколошки погон, за двете траси беше обезбедено двојно повеќе зеленило. Предвидени беа и дополнителни 200.000 евра за соодветно пресадување на дрвја каде што е потребно за да не се загрози ниту едно зеленило. Неговата ефикасност ќе го намалеше обемот на сообраќај, што ќе резултираше со намалување на штетните гасови во воздухот. Втората лага е дека со овој проект се загрозува системот за водоснабдување. Напротив, проектот предвидуваше целосна заштита на цевките за вода што минуваат под трасите на движење на БРТ, со соодветни механизми за заштита“, велат од СДСМ преку соопштение.

Владејачката партија порача дека градоначалничката Данела Арсовска треба да ја преиспита одлуката, бидејќи укинувањето на проектот е на штета на граѓаните и на Градот. Истовремено, со нејзината одлука, велат од СДСМ, се урива угледот на Скопје и државата пред меѓународните финансиски институции.

Според новото раководство на Град Скопје, овој проект кој го започна претходниот градоначалник Петре Шилегов, не е добар за животната средина, го загрозува системот за водоснабдување и се заканува со сеча на голем број дрва во градот.

Share
Scroll to Top