Најдобри новогодишни подароци за секој хороскопски знак

Најдобри новогодишни подароци за секој хороскопски знак

пред 3 години

Овен

Овните имаат авантуристичка и натпреварувачка природа. За нив одличен божиќен подарок би била убава блуза соодветна за на работа или пак додатоци за во домашната канцеларија. Исто така тие се љубители на фитнесот, така што нема да згрешите доколку им купите паметен часовник, што е во склад со нивниот натпреварувачки карактер.

Бик

Овој знак обожава цвеќе, така што букет или собна билка е добар избор за подарок. Добра алтернатива се и подароците како парфем, собни папучи или пак мека бањарка која одлично ќе им послужи во студените денови.

Близнаци

Оние кои планираат да им купат подарок на Близнаците треба да знаат дека некое убаво пенкало, персонализиран прибор за пишување или пак интересна книга би бил вистински избор.

Рак

Припадниците на овој знак се луѓе кои сакаат да готват. Пресреќни би биле кога би им купиле нова тава или подарок – картичка за купување производи наменети за домот. Исто така би ги израдувале доколку им купите семеен албум.

Лав

За Лавовите одличен божиќен подарок е облека од нивниот омилен дизајнер, шише шампањ или луксузни козметички производи. За припадниците на овој знак кои секогаш размислуваат и анализираат одличен подарок би била книга со загонетки. Освен тоа, тие сакаат органска козметика.

Вага

За Вагите одличен подарок би била свилена блуза, но исто така и свилена постелнина. Вагите ценат убави работи, па затоа убави обетки или уметничко дело би бил полн погодок.

Шкорпија

Припадниците на овој знак сакаат убава долна облека, а на жените омилен им е оној во црна или месо боја. Исто така, добар подарок би била висококвалитетна кожна торба или јакна, но и персонализирани подароци, како ланчиња.

Стрелец

За разлика од Лавовите кои сакаат скапа облека, за Стрелците е важно да биде практична и удобна, како класични маици и фармерки. Исто така би ги израдувале со квалитетна патничка торба.

Јарец

Јарците сакаат работи со историска вредност. Како божиќен подарок би ценеле старински брош или сентиментален подарок во облик на семејно наследство, како обетки од прабабата или чипкани ракавици. Исто така, одлична идеја е да им подарите картичка за локалниот музеј или книга од нивниот омилен писател.

Водолија

Водолиите ја ценат технологијата, па особено би се израдувале доколку пронајдат нов мобилен телефон под елката, паметен часовник или графичка картичка.

Риби

Рибите сакааат да се грижат за себе и своето тело, па затоа одличен подарок би биле купки со разни ароми, удобни папучи, книга со поезија, албум со фотографии или влезници за во кино.

Share
Scroll to Top