Фолк-пејачката Сузана Гавазова наполни 42 години. Роденденот прв ѝ го честита сопругот Јасмин со страстен бакнеж и бурек со јогурт спакувани во украсна кутија. „Што е ова?“, го прашува Сузана во видеото што го објави на „Инстаграм“. „Како што, па бурек со јогурт“, ѝ одговара тој пред да ѝ го донесе вистинскиот подарок. По отворањето, Сузана падна на газ од изненадување.
Пејачката лани за роденденот направи голема журка дома, па пееше за мерак на гостите, а заедно со неа запеа и мајка ѝ.