Заев и Ковачевски со грабеж на деценијата ја продаваат АД Славија со сиот имот за 200.000 вера, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека само управната зграда на АД Славија со земјиштето околу неа чини над 9 милиони евра. Дополнително магацините на АД Славија во Кисела Вода со земјиштето околу нив вреди над 4 милиони евра.
Тие додаваат дека деновиве ќе го објават целиот имот на АД Славија кој што СДСМ сака да го продаде и тоа само за 200.000 евра.
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта да запре со багателното распродавање на државниот имот за сметка на ќарот на поединци.