Холивудскиот глумец Џејмс Франко, призна дека порано бил зависен од секс и дека имало моменти кога не можел да се контролира. Тој беше обвинет од повеќе жени во 2018 година за сексуално злоставување, а глумецот потоа откри што била причината за сето тоа.
„Бев зависен од секс. Бев зависен до таа мера што не можев да се контролирам“, рече Франко и додаде дека немал намера да ги повреди девојките.
Сексот не била единствената зависност од која пател глумецот. Тој и во минатото бил зависен од алкохолот и дрогата, а едно време паднал и во депрсија. Имал и проблеми со законот поради алкохолот. Имало и моменти кога бил уапсен затоа што цртал графити и препродавал украдени парфеми.
„Мојата зависност од сексот беше присутна до моментот додека снаа ми не ми подари прирачник за зависност од секс и љубов“, рече Франко и додаде дека бил воодушевен од подарокот.
За потсетување, тој го освои Златниот глобус за улогата во филмот The Disaster Artist. Тогаш 5 жени го обвинија дека ја искористил позицијата учител на глума за да ги задоволи своите сексуални фантазии. Тој потоа се обиде да се спогоди со нив нудејќи им 2 милиони и 235 илјади долари.