Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе одржи традиционална годишна прес-конференција.
Поради мерките против корона вирусот, годинава бројот на новинари ќе биде ограничен на 500, а конференцијата ќе се одржи на поголем простор.
Потребен е негативен ПЦР тест за учество на конференцијата, а растојанието помеѓу столовите мора да биде три метри.
Големата конференција на Путин е годишен настан кој се одржува од 2001 година.
По правило, шефот на државата прво ги објавува главните економски и социјални показатели, а потоа новинарите имаат можност да поставуваат прашања.