Гостиварец се заканувал на полициски инспектор кој вршел контрола во угостителски објект

пред 4 години

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и поднесе Обвинителен предлог против 47-годишен Гостиварец кој се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста казниво по Кривичниот законик.

Имено на 2 октомври, додека се вршела акциска контрола во угостителски објект во близина на автопатот Гостивар-Тетово, обвинетиот повеќе пати се заканил на службено лице – инспектор во ОВР Гостивар кое вршело службени дејствија.​​

Share
Scroll to Top