Најмалку седум луѓе загинаа, а 90 се спасени кога брод со мигранти потоа вчера во близина на грчки остров, соопштија денеска грчките власти.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека ја завршила спасувачката операција на 90 лица, чиј едреник се насука на остров северно од островот Антикитера во јужна Грција, пренесува „Ројтерс“.
Седум тела се извадени, а операцијата за пребарување продолжува.
Ова е втор бродолом во Егејското Море оваа недела.
Во текот на ноќта меѓу вторникот и средата, брод со 50 мигранти потона во близина на островот Фолегандрос, а десетици луѓе се водат за исчезнати.