(Видео) Фрлен молотов коктел врз рускиот конзулат во Украина

пред 3 години

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека некој фрлил молотов коктел врз рускиот конзулат во украинскиот град Лавов.

Министерството поднесе протестна нота поради, како што го нарече, „терористички чин“ и ги повика украинските власти да се извинат.

Полицијата во Лавов соопшти дека покренала истрага за инцидентот, кој го нарекоа „хулигански чин“, пренесува Ројтерс.

Share
Scroll to Top