Владата и годинава со новогодишни пакетчиња за 150 деца од малите групни домови

пред 3 години

Владата на Република Северна Македонија изминатите неколку денови ги израдува децата во малите групни домови низ државата, како и во установата за деца со социјално-воспитни проблеми. Подароците се новогодишни пакетчиња кои беа доставени на нивните адреси, стои во соопштението од Владата на Република Северна Македонија.

Владата е посветена на поттикнувањето и развивањето на децата, да им се даде слобода за правилно изразување на нивните способности, чувства, креативност, снаодливост, да се оспособат за донесување на храбри одлуки во животот. Едноставно да одат низ животот самоуверено и сигурно.

Една од најважните работи кои може да се забележат во малите групни домови е дека не се само место за живеење, туку место кое кај децата создава чувство на љубов.

Децата се многу важни во општеството, а со вакви активности Владата се грижи за децата, а со тоа и за нашата иднина, се вели во соопштението од Владата на Република Северна Македонија.

Share
Scroll to Top