Русија блокирала страница која известувала за протести против Кремљ

пред 3 години

Руското тело за следење на телекомуникациите, по судска одлука, ја блокираше веб-страницата на групата за следење демонстрации „ОВД-инфо“, која со години објавува протести против Кремљ, соопшти денеска групата.

Се наведува дека одлуката за забрана за пристап до веб-страницата „ОВД-инфо“ ја донел судот на Московската област на 20 декември, пренесе Ројтерс.

Во моментов, на страницата се вели дека пристапот до страницата е забранет поради прекршување на федералниот закон за информации, информатичка технологија и заштита на податоците.

Портпаролката на групата, Марија Кузнецова, изјави за Ројтерс дека ниту судот ниту надзорното тело не ја информирале групата за потегот.

„Не го очекувавме ова“, рече таа.

Русија во септември ја нарече ОВД групата „странски агент“.

Share
Scroll to Top