Организацијата „Проект за опфаќање и објава на организиран криминал и корупција“ (OC CRP) го рангираше поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц меѓу петте најкорумпирани политичари во 2021 година, пренесуваат медиумите во регионот.
Прв на листата е белорускиот претседател Александар Лукашенко, потоа поранешниот авганистански претседател Ашраф Гани, сирискиот претседател Башар ал Асад, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а потоа и Курц.
Според анализите на организацијата, Курц е меѓу првите пет најкорумпирани политичари во светот од 1.167 опфатени политичари.
Комисијата составена од шест новинари и научници кои се занимаваат со корупција и известуваат за неа, и покрај рекордниот број „номинирани“ лидери, за прв пат по една деценија едногласно го избра Лукашенко.
Курц поднесе оставка од функцијата канцелар на 9 октомври и се повлече од политиката во декември, откако беше покрената истрага против него и неговите девет соработници за корупција и проневера.