Скопјани фатени при вршење тешка кражба, од вагони преточиле 300 литри гориво

пред 3 години

Полициски службеници од полициската станица Гази Баба во попладневните часови на 28. декември, во кругот на РЖ Товарна – Трубарево, ги затекнале Б.К. (58) и Н.А. (46), двајцата од Скопје, при вршење на тешка кражба.

Како што информираат од МВР, двајцата краделе гориво од вагоните, при што имале украдено околу 300 литри гориво.

Тие биле приведени, а украденото гориво било вратено на оштетеното правно лице.

По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни кривични пријави.

Share
Scroll to Top