Силен земјотрес, со јачина од 7,2 степенa според Рихтеровата скала ја погоди денеска групата острови Барат Даја во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 200 километри, јави ЕМСЦ, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.