Нокаут, Наум Петрески и Зуица Лазова ќе пеат на плоштадот во Скопје за дочекот на Нова година

Нокаут, Наум Петрески и Зуица Лазова ќе пеат на плоштадот во Скопје за дочекот на Нова година

пред 3 години

Нокаут, ДНК, Пука козметика, фолк-пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова и диџеј Славе ќе настапат на плоштадот Македонија за дочекот на Нова година. Од Град Скопје најавија дека програмата ќе почне во 21 часот.

Забавата ќе почне со Пука козметика, по нив се ДНК, а Новата година скопјани ќе ја дочекаат со Нокаут, кои ќе имаат настап од 23:20 до 00:20. Половина час по полноќ ќе почне концертот  на Наум Петрески и Зиуца Лазова, а журката ќе заврши во 1:30 по полноќ со диџеј-сетот на Славе.

Оваа година на плоштадот се организира и новогодишниот базар „Винтерленд“, а новогодишно украсување има само во дел од центарот на градот, со многу помалку украси за разлика од минатите години. Откако градоначалничката Данела Арсовска го раскина договорот од 240.000 евра со фирмата „Линк медиа плус“, таа најави дека со три општествено одговорни компании се договориле Скопје бесплатно да се украси, па новогодишната елката светна на 20 декември.

Share
Scroll to Top