Серијалот ЕДУИНО Вебинари денес ги содржи најпретпознатливите онлајн ресурси за стекнување на вештини во областа на образованието. Пред два месеци тимот на ЕДУИНО го најави второто издание на серијалот кој оваа година главно се фокусираше на стекнување на практични вештини и методи при одржување на наставата во живо и на далечина. Споредбено со минатата година кога во првиот серијал ЕДУИНО-вебинари имаа одлична гледаност со околу 18.000 гледачи, сега таа бројка достигнува многу повеќе и брои фантастични 30.873 учесници, со што тие се особено горди на успехот и важноста на оваа кампања која ја има во полето на образованието:
„Со големо задовоство во име на целиот тим на ЕДУИНО и СмартАп, можам да изјавам дека оваа година ги имаме најгледаните онлајн вебинари кои досега се спроведени и сме особено горди за целосната доверба која ја имаме од страна на ЕДУИНО-заедницата, од учесниците како и на трудот и вложеноста на нашиот тим. За вкупно 11 оддржани ЕДУИНО-вебинари, имаме одлични 4,7 и 4,6 просечни оценки за организациајта, за темите кои ги обработивме, како и за говорниците кои ги имавме на овој серијал, што е речиси максимимот во скалата за оценување. Она што особено го радува тимот е бројката со вкупно повеќе од 50.000 прегледи на ЕДУИНО-вебинарите и тоа околу 24.000 гледачи и учесници на вебинарите во живо преку ZOOM платформата и 30.873 прегледи на видета од вебинарите на нашиот YouTube канал. Успехот на Едуино Вебинарите за нас не претставуваат само бројки од кои сме презадоволни туку и потстрек да продолжиме заеднички да создаваме подобра иднина “ – изјави проектниот менаџер на ЕДУИНО, Милена Игњатова.
„Во концептот на ЕДУИНО-вебинарите особено инсистиравме на можноста за меѓусебно споделување на изработените активности. Тоа е возможно со нивно прикажување на интерактивна табла која специјално ја креиравме за овој серијал и која понатаму ќе биде достапна за користење, со цел едукаторите да имаат можност меѓусебно да превземат идеи и практики и взаемно да се поттикнуваат во работата. Во овој серијал издадовме речиси 8.500 сертификати за стекнато и применето знаење и сме навистина премногу горди на нивниот постигнат успех.“ – изјави Перо Сарџоски, координатор на ЕДУИНО-вебинарите.
ЕДУИНО-вебинарите се бесплатни интерактивни неформални настани, каде што учесниците имаа можност да следат предавања на актуелни, иновативни и напредни теми кои одговараат на потребите и предизивиците на наставниците, преку споделување на примери од добри пракси и совети.
Преку овој ЛИНК со видео можете да ги погледнете сите достигнувања кои оваа година ги постигна ЕДУИНО заедница која од година во година расте, а со тоа напредува и директно влијае на подобрувањето на квалитетот на образовниот процес.
Проектот „ЕДУИНО: Колективно подобрување на образованието преку ко-креирање и иновации“ е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Амбасадата на Велика Британија во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Министерството за образование и наука (МОН), Бирото за развој на образование (БРО) и УНИЦЕФ. Проектот го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.