Цената на електричната енергија ќе се зголеми за 9,48 проценти од 1 јануари, а се укинува и дневната евтина тарифа, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски. Останува евтина струја во текот на ноќта и во недела.
„Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, но успеавме да скратиме многу трошоци, а Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период“, истакна Бислимовски.
Toј додаде дека ако не се укинела днавната евтина струја, тогаш поскапувањето ќе било 14,23 проценти.