Австралиец намерно се запалил себеси и својот автомобил во Мелбурн, најверојатно во знак на протест против задолжителната вакцинација, пишуваат медиумите во светот. Тој тоа го направил пред преплашените гости на еден ресторан во државата Викторија.
Мажот излегол од сребрен хечбек и се полеал себеси и автомобилот со бензин, а полицијата и пожарникарите помогнале со вода да го изгаснат пожарот.
Околу пет сведоци го држеле мажот, пред полицијата да го приклешти на земја.
Полицијата потоа го однела австралиецот со амбулантно возило кое го пренело во болница со повреди сериозни по живот.
„Кожата му гореше. Тој беше во пламен. Беше вон себе зборувајќи за задолжителната вакцинација“, изјавил еден сведок кој помогнал да се задржи човекот.
Лидија О’Конор вечерала во блискиот ресторан кога слушнала маж како вреска.
„Се полеа и себеси и автомобилот со бензин. Тоа беше намерно. Тој врескаше дека не сака ковид лични карти“, рече таа.
Полицијата во Викторија соопшти дека мажот бил префрлен во болница со повреди сериозни по живот, објавија медиумите.