При можен напад на Русија, САД и НАТО би се соочиле со големо изненадување

пред 3 години

Во случај на масовен напад на најновите американски ловци Ф-35 од Црното Море врз Русија, САД и НАТО би очекувале големо изненадување, пишува кинескиот портал „Соху“.

Имено, тие би се соочиле со руските модернизирани системи за противвоздушна одбрана С-300ПМ-2, кои се распоредени на Крим, пишува авторот на написот.

Подобрениот систем за противвоздушна одбрана е опремен со повеќенаменски радар и систем за откривање и следење скриени цели во воздухот.

Благодарение на овие иновации, S-300PM-2 може да забележи „невидливи“ (стелт) ловци од петта генерација на растојание од 200 до 250 километри и да лансира проектили во нивниот правец.

„ Штом американските ловци Ф-35 го нарушат рускиот воздушен простор, тие системи безмилосно ќе ги урнат“, убеден е коментаторот.

Како што истакнува, стратешката положба на Црното Море им овозможува на САД и НАТО да извршат напади врз многу важни градови.

Сепак, широката мрежа на руска противвоздушна одбрана, која се состои од системите С-300, С-400 и С-500, ќе ја принуди западната коалиција да се предомисли и да не спроведува провокативни дејствија против Русија, изјави авторот на статијата.

Share
Scroll to Top