Samsung денеска објави три нови модели од својата линија на монитори за 2022 година. Сите овие треба официјално да бидат објавени за време на CES 2022 од 5 до 7 јануари во Лас Вегас.
Првиот од овие нови монитори е Samsung Odissey Neo G8. Се работи за 32-инчен екран со прв панел во светот од 4K 240Hz. Исто така, има закривување од 1000R и Quantum Mini LED позадинско осветлување.
Системот за Mini LED осветлување користи единици кои се 1/40 од големината на конвенционалните LED единици. Со Samsung Quantum Matrix и Quantum HDR 2000 технологиите, екранот може да постигне до 2000 нита супериорно осветлување на HDR содржини со прилагодување на задното осветлување во 4096 чекори.
Мониторот поддржува и два HDMI 2.1 порта и една DisplayPort 1.4 конекција. Функцијата Auto Source Switch+ автоматски ќе ги менува изворите кога поврзаниот уред е вклучен. CoreSync го прилагодува RGB осветлувањето на задната страна на мониторот за да одговара на содржината на екранот.
Следниот модел е Smart Monitor M8, кој има веб камера која работи со вградената апликација Google Duo. Мониторот доаѓа и со претходно инсталирани апликации за услуги за стриминг, што ви овозможува да го користите мониторот како паметен телевизор без да мора да се поврзете со изворниот уред. Има 32-инчен панел со UHD резолуција, а добивате и безжичен далечински управувач, сличен на оние што ги добивате со телевизорите на Samsung.
На крајот, тука е и Samsung S8, кој е дизајниран за креирање содржини. Доаѓа во големини од 32 инчи и 27 инчи со UHD резолуција и е првиот монитор во светот што е сертифициран од Underwriters Laboratories како панел без отсјај.
S8 има 98% покриеност на DCI-P3 распонот на бои, VESA DisplayHDR 600 сертификат (само 32 инчи) и поддршка за жичен LAN. Има USB-C конекција и може да се поврзе со поддржани лаптопи за да испраќа видео и аудио сигнали до мониторот и податоци за етернет и 90 W моќност од мониторот до лаптопот.
Овие монитори се планирани да бидат лансирани во првата половина на 2022 година. Повеќе информации ќе бидат откриени за време на CES 2022 саемо за неколку дена. За повеќе информации, погледнете на Samsung Newsroom.