Австралискиот премиер за Ѓоковиќ: Никој не е над прописите

пред 5 години

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска изјави дека „никој не е над прописите“ откако властите на таа земја му ја укинаа визата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и му забранија влез во земјата каде што требаше да настапи на турнирот Австралија опен.

„На Ѓоковиќ му беше укината визата. Правилата се правила, особено кога некој доаѓа на нашите граници. Никој не е над тие прописи“, напиша Морисон на Твитер.

Share
Scroll to Top