Бугарија продолжува да биде отворена за дијалог со Северна Македонија, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев.
„Верувам дека ќе се исполнат сите ветувања и заложби од нашите соседи за да се забрза процесот на интеграција на Северна Македонија“, рече Радев.
Шефот на државата ги поздрави намерите на бугарската Влада за интензивирање на дијалогот од заеднички интерес.
Тој повтори дека уставните гаранции за македонските Бугари, прекинот на говорот на омраза и прекинот на процесите на дебугаризација ќе помогнат да се забрза процесот за Бугарија да може да ја отвори вратата за преговори за членство.