Ситуацијата со КОВИД-19 во Баерн Минхен пред стартот на пролетниот дел од Бундеслигата е толку критична, што Јулијан Нагелсман на тренинзите на германскиот шампион повика голем број од младинските фудбалери, вклучувајќи еден Ибрахимовиќ и еден фудбалер со презиме Мотика!
Дури осум фудбалери од младинскиот тим на Баерн беа вклучени во тренингот на Нагелсман: Брајт Ари-Бри, Лукас Копадо, Нико Фелдан, Тејлор Бут, Џејми Лоренс, Пол Ванер и Аријон Ибрахимовиќ и Немања Мотика.
Аријон Ибрахимовиќ инаку има само 15 години и е по потекло од Косово, додека 18-годишниот Мотика е по потекло од Србија.
Kleiner Zusatz: Auch Nemanja #Motika (18) hat mittrainiert. #FCBBMG https://t.co/djEYMRKNT7
— Kerry Hau (@kerry_hau) January 6, 2022